За нас

Дом365

ДОМ 365  ДООЕЛ Скопје е компанија чија дејност е управување и одржување станбени објекти со одобрена лиценца издадена од страна на Регулаторна комисија за домување. Работењето на фирмата се заснова на максимална соработка и транспарентност за што ДОМ 365 ДООЕЛ изготвува Договор за вршење на управувачки работи.

Нашата пазарна цел – корисници кои сакаат да имаат свој сервис во поглед на  колективното домување, брзо и навремено извршување на обврските. Тие сите го ценат квалитетот, а не цената на услугите.

 

План за реализација


 Стратегијата на сегментирање на целниот пазар


Нашата дефиниција за сегментирање на целниот пазар сам по себе е стратешка одлука. Ние не бараме да се задоволат минималните стандарди за колективно домување, туку ќе се фокусираме да го издигнеме нивото на квалитетот на колектиното домување. Нашите клиенти се подготвени да платат премија за квалитет на услугите. Ние сме во потрага на клиенти кој ценат две работи: квалитет на услугите и навремено извршување истите.


Стратегија и имплементација


Ние сме  достапни за остварување на различните потреби и барања на секој клиент. Во давањето на услуги се раководиме од идеалот за навремено и беспрекорно извршување на обврските во кое било време. Следејќи ги начелата за работење пропишани од Регулаторната комисија за домување, секогаш се стремиме да реализираме бројни поволности кои претставуваат вистинска додадена вредност на стандардните обврски кои произлегуваат од секој корисник одделно.
Нашата стратегија за услуги е врз основа на квалитет, што значи комбинација на кадар и соодветна опрема и алати за квалитетно извршување на задачите. Важна стратешка предност е нашиот фокус на одбрани Згради во кој имаме за цел да го кренеме нивото на квалитетот на живеење во истите.

Адреса

Методија Шаторов - Шарло 7/1-5 , Скопје

dom365@mail.com

Работно време

Понеделник - Петок  8:00 - 16:00h

Сабота 8:00 - 13:00h

Контакт

Моб: +389 71 353 461

Моб: +389 78 286 858

Следете не