Дом 365

Друштво за управување, техничко одржување, хигиена на згради и физичко обезбедување на имот и лица

ДОМ 365 Дооел е вашиот технички сосед кој 365 дена во годината со максимална посветеност управува и се грижи за функционалност , безбедност и хигиена на секој дел од колективното домување. Технички сосед кој е секогаш до Вас кога ви е потребен, вистински пријател и врвен стручњак за одржување.

Колективното домување со ДОМ 365 е ново повисоко ниво на квалитет, не е само исполнување на минималните законски стандарди, затоа ние едноставно немаме конкуренција.

Ние сме лиценцирано трговско друштво со одобрена лиценца издадена од Регулаторната комисија за домување и нашата мисија ја остваруваме исклучиво во законските рамки, со висок степен на имплементација на барањата на нашите клиенти и редовна контрола на сите аспекти од управувањето.

Стандардите кои ги создадовме преку нашето посветено работење се мерило за квалитетот на услугите кои ги нудиме. Креиравме систем на безпрекорност во извршувањето на обврските, ефикасност и ефективност во услугите, како и отвореност за двострана комуникација.

Комбинацијата од професионален и посветен кадар, соодветна квалитетна опрема и алати за извршување на задачите, како и изборот на еколошки средства е рецептот за успех и појдовна точка во трасирањето на долгорочната стратегија на ДОМ 365. Нашата визија нема цена, таа има додадена вредност со секој наш новостекнат сосед, кој едноставно ќе биде задоволен што го има ДОМ 365 за свој технички сосед.

Управување и техничко одржување

Image
  • Административно управување на објекти
  • Техничко одржување  на објекти
  • Правен консалтинг

Хигиена

Image
  • Хигиена на станбени и деловни објекти
  • Машинско чистење на гаражи и тврди подови
  • Хортикуларно уредување и одржување

Физичко обезбедување имот и лица

Image
  • Физичко обезбедување станбени објекти
  • Физичко обезбедување деловни објекти
  • Патролно обезбедување

Адреса

Методија Шаторов - Шарло 7/1-5 , Скопје

dom365@mail.com

Работно време

Понеделник - Петок  8:00 - 16:00h

Сабота 8:00 - 13:00h

Контакт

Моб: +389 71 353 461

Моб: +389 78 286 858

Следете не